(Видео) Деркоски: Ниту една кампања не може да е кристално чиста, но оваа беше релативно мирна
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, на средбата со шефовите на изборните штабови на кандидатите за претседател оцени дека кампањата досега се одвивала во мирна атмосфера.
„Како и секоја кампања, не може да биде кристално чиста, мора да има одредени дневно-политички настани во функција на политиката и кампањата, но констатиравме дека атмосферата досега беше релативно мирна, а така треба да биде и во иднина без разлика кој е власт, кој опозиција. Да покажеме демократска зрелост за онаму каде што се стремиме. Нека победи подобриот“, порача Деркоски.
За интернет-страницата на ДИК што не работеше неколку дена во изборен период, Деркоски рече дека направиле набавка за нови сервери и лиценци за заштита како што им побарале ИТ-експертите и дека сега веб-страницата е во функција.
Во однос на финансискиот дел, Деркоски рече дека од буџетот биле издвоени околу 299 милиони денари за кампањата, водат сметка за рационално трошење и очекуваат дека, како и за референдумот, ќе потрошат помалку пари од предвидените.
Извор: Макфакс