(Видео) Дескоска: Треба да има антикорупциска до изборите за да се следи финансирањето на кампањите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Роковите бараат побрзо носење на законот за спречување на корупцијата за да се избере новата антикорупциска комисија, изјави министерката за правда, Рената Дескоска.
Таа образложи дека Владата претходно го пуштила законот, но бил блокиран со амандмани. Според министерката, антикоруоциската комисија треба да се избере до изборите со цел да го следи финансирањето на кампањите.
„Законот беше доставен до Европската комисија на мислење и тој е со ЕУ-препораки. Свесна сум дека поединци имаат стравувања за одредени решенија, особено во однос на проблемот со финансирањето на партиите. Ве повикувам да ја поддржиме потребата за законот, па на претседателските, а можеби и на парламентарните избори да имаме антикоруоциска комисија што ќе ги следи финансирањата на кампањите“, образложи министерката за правда и ги повика сите пратеници да гласаат за законот.
Предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси по скратена постапка денеска е на дневен ред на седница во Собранието.
Извор: Макфакс