(Видео) Димитров: Разговаравме за временската рамка и начинот на имплементирање на решението | Правдико

Правдико

   

(Видео) Димитров: Разговаравме за временската рамка и начинот на имплементирање на решението

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров по средбата со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас изјави дека имале искрени и отворени разговори преку кои се постигнал планираниот напредок.

„Разговаравме за сите прашања и ставови кои ја праватразликата во спорот за името. Од денешната средба има напредок, но се уште постојат разлики и неусогласени ставови“ рече Димитров.

Тој истакна дека на денешната средба за прв пат се разговарало за временската рамка и чекорите како ќе се имплементира решението за проблемот со името.

„Ова беше разговор без мудрување и со меѓусебно разбирање. Разговаравме како да ги усогласиме ставовите и да ја најдеме добитната комбинација“ рече Димитров.

Шефот на македонската дипломатија информираше дека се одржала и средба на високи дипломати од двете земји кои успеале да го усогласат текстот за нивна соработка во различни области, меѓу кои е и спречување на ирединтизмот од двете страни. Димитров кажа дека премиерите на Грција и Македонија ќе бидат известени за оваа средба и дека во наредниот период се очекува заедничка средба со Заев и Ципрас. Поради временско ограничување, по изјавите на министрите не беа дозволени прашања.

Виктор Јованов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико