(Видео) ДКСК: Платформите на Матка не може да се легализираат, Беџети кривично да одговара
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, кривично да одговара поради непостапување по барањата за легализација на дивите платформи на Матка, а Владата да ги одземе градежните овластувања на Општината, предложи денес Државната комисија за спречување на корупцијата.
Антикорупционерите утврдија дека платформите на Матка не може да бидат легализирани оти се објекти од времен карактер, а освен тоа, во поднесените барања за легализација недостигале низа согласности од надлежни органи.
„Поднесени се две барања за легализација на 8.2. и 24.12.2018 година од Амет Саити и Џемал Саити. Констатиравме дека градоначалникот не одговорил на барателот иако општините се тие кои даваат дозвола за градење од локален карактер. Градоначалникот е надлежен да решава. Со непостапување се прекршени одредбите од Законот за локална самоуправа“, образложи Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Антикорупциската комисија констатираше дека според извештајот на Државниот инспекторат за животна средина, без водостопанска согласност не може да се гради на таа локација.
„Државниот инспекторат констатирал дека барателите на легализација на објектите треба да ги отстранат. Воедно упатена е и забрана на таа локација да има моторни чамци”, рече Ивановска.
Таа нагласи дека ако градоначалникот одговорел на барањата и донел решение дека не може да се легализираат, институциите ќе можеле да постапуваат.
Извор: Макфакс