(Видео) Достовски ја користел марихуаната за лечење а не за продажба, порача неговиот адвокат | Правдико

Правдико

   

(Видео) Достовски ја користел марихуаната за лечење а не за продажба, порача неговиот адвокат

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска се одржа првото рочиште од случајот во кој активистот од „Зелена алтернатива“ Филип Достовски е обвинет за одгледување и продажба на канабис. Во воведните зборови, адвокатот на Достовски, Сашо Дукоски истакна дека пронајдениот канабис во домот на обвинетиот не е за препродажба туку за лечење на ракот, со кој Достовски се бори веќе 15 години.

„Ова обвинение не може да опстои затоа што марихуаната која е пронајдена во домот на Достовски има многу мал процент на ТХЦ односно тетрахидра канабинол. Марихуаната се состои од во најголем дел од ЦБД што не претставува екстракт од опојна дрога и обвинетиот ја користи за лечење.“, рече Дукоски.

Бранителот на Достовски исто така побара вештачење од фармацевтскиот универзитет кое ќе биде дел од доказите и со што би се увидело дека во марихуаната на Достовски има само ЦБД, лековитата состојка од канабисот.

-Она што е пронајдено во домот на Достовски не е дрога, тоа е див коноп кој се користи за изработка на јажиња, Филип не е дилер, и нема никаков обид за препорадавање на марихуаната, рече Дукоски.

Што се однесува до семките од канабис кои се пронајдени во домот на Филип Достовски, одбраната рече дека таа се користи како храна за птици и од нив не може да се произведе опојна дрога.

Обвинетиот Достовски пред судијката рече дека не се чувствува нималку виновен бидејќи не станува збор за никакво препродавање на опојна дрога, туку за канабис кој го чувал за да ја третира својата болест.

На 28.07.2016 година при претрес во домот на Филип Достовски од страна на МВР пронајдено е 8 милилитри масло од хашиш, 238,4 грама марихуана и 54 грама семки од канабис по што Обвинителството го товари за нелегално производство и пуштање во промет психотропни супстанции.

Следното рочиште не кое ќе бидат изнесени доказите ќе се одржи на 9-ти септември.

Виктор Јованов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико