Видео: Експлозија во центарот на Истанбул – најмалку 10 загинати и 15 повредени
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Голема експлозија одекна на плоштад Султанахмет, во близина на трамвајска станица и Сината џамија во историскиот центар на Истанбул. Дописник на Си-Ен-Ен од Турција, кој е на местото на настанот, вели дека има сведок кој изјавил дека видел седум-осум мртви тела.
Ердем Короглу, кој работел во близина на плоштадот, изјави дека може да се видат луѓе како лежат на земја.
– Тешко е да се каже кој е мртов, а кој е жив. Експлозијата беше толку силна што ги потресе сите градби – рече Короглу, а неговата приказна беше потврдено од страна на жена која продава сувенири.
– Сè се тресеше. Излегов од продавницата и видов делови од тела на жртвите.
Од канцеларијата на гувернерот на Истанбул стигна изјава дека во нападот има најмалку 10 загинати и 15 повредени.