(Видео) Фатиме Фетаи: Адвокатите ја одолжуваат постапката, Груевски е обвинет за насилство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Специјалната јавна обивнителка Фатиме Фетаи, по завршувањето на главното рочише од случајот „Насилство“, изјави дека е задоволна од исходот на рочиштето со оглед дека конечно започнала главната расправа.
„Позитивно е што одиме со изведување на доказите. Наредното судење ќе имаме вкрстено испрашување. Однесувањето на адвокатите на одбраната, кои ја одолжуваат постапката, го оценува судот. Груевски е обвинет за кривично дело насилство за кое е предвидена казна од три месеци до пет години“, рече Фетаи.
Таа додаде дека во обвинителниот акт многу јасно и детаљно пишувало за што се сомничи експремиерот Никола Груевски. Наредното рочиште е закажано за 18 декември.
К. Ландов
Извор: Макфакс