(Видео) Фетаи: Нема да прифатиме поблаги казни за другите обвинети за насилството во Центар | Правдико

Правдико

   

(Видео) Фетаи: Нема да прифатиме поблаги казни за другите обвинети за насилството во Центар

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи изјави дека се задоволни од пресудата за Томислав Лазаров и рече дека СЈО нема да поднесе жалба затоа што тој навреме ја признал вината. Таа посочи дека за ова дело казните се од шест месеци до пет години затвор.

– Фазата во која Лазаров ја призна вината пред почетокот на главната расправа овозможува поблага казна според Кривичниот законик. Според нас, единствено, овој обвинет ја искористи шансата и само за него доаѓа предвид уловна осуда. Од ова може да заклучите дека другите обвинети ја немаат таа можност гледано од наша обвинителска страна, рече Фетаи.

Судот донесе пресуда за обвинетиот Томислав Лазаров, кој призна вина за насилството во Општина Центар, шест месеци условна казна затвор, која ќе му се изрече ако во следните две години стори кривично дело.

Лазаров пред судот изјави дека се откажува од правото на жалба и повтори дека длабоко жали и се кае за делото што го направил.

Тој пред новинарите изјави дека не сака да коментира за другите обвинети во случајот и не одговори дали стравува од закани и притисоци од сопартијците. Рече дека е благодарен што судот ги зел предвид олеснителните околности при изрекувањето на казната.

Г.Н.Р.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико