Правдико

   

(ВИДЕО)Фетаи: Обвинетиот Алими вршел влијание врз сведоци

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Заврши седницата на Апелациониот суд по жалбата на СЈО за неопределување мерка притвор за обвинетиот Ејуп Алими, пратеник на ДУИ, во случајот „Титаник 3“, кој се однесува на уништување изборен материјал.

Обвинителката Фатиме Фетаи пред судиите изјави дека Судот во брзањето да го одбие притворот на обвинетиот не го допрочитал докрај предлогот на СЈО. Во решението судот погрешно навел дека Исмет Гури, а не Ејуп Алими врши влијание врз сведоците.

Обвинителката Фетаи прочита и дел од исказите на двајца сведоци на СЈО кои тврдат дека им било страв за нивната безбедност и за безбедноста на нивните семејства бидејќи Алими е пратеник на владејачката партија ДУИ и оттука има моќ за влијание.

Одбраната на обвинетиот изјави дека обвинението на СЈО е паушално и дека не постојат докази од кои судот би заклучил дека Алими би влијаел врз сведоците.

Самиот Алими тврдеше дека е невин и дека, и да го затворат во друга земја, ќе дојде да сведочи.

В.Маглешов

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико