(Видео) Ѓоко Поповски осуден на 9 години затвор за незаконска набавка на возила во МВР
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, е осуден на 9 години затворска казна за случајот „Триста“ за незаконска набавка на 300 полициски возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година. Поповски треба и да ја надомести штетата од приближно половина милион евра и судските трошоци. Судијката рече дека Поповски бил свесен дека со неговото постапување може да настапи штетна последица и дека бил должен да се грижи за финансиите на МВР кои всушност се пари на даночните обврзници.
„Министерството исплатило 318. 050. 292 денари, односно 27.894.522 денари повеќе од збирот на економски најповолните понуди за набавка на возила. Со ова е нанесена е штета на МВР од големи размери или поточно од 27. 894. 522 денари“, рече судијката.
„И во разговорите се слуша како и самата Гордана Јанкулоска вели дека направиле фитна и дека на некој му дале по 10, на некој по 20 возила“, рече судијката, читајќи ја пресудата.
Поповски претходно се изјасни дека не е виновен и дека очекува оослободителна пресуда. Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување.
Извор: Макфакс