(Видео) Граѓаните на Македонија, Србија и на Албанија ќе ги минуваат границите без ПЦР-тестови | Правдико

Правдико

   

(Видео) Граѓаните на Македонија, Србија и на Албанија ќе ги минуваат границите без ПЦР-тестови

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Граѓаните на Северна Македонија, Србија и на Албанија ќе ги минуваат границите без ПЦР-тестови, a доколку граѓанин поради Ковид-19 се најде во болница во овие земји, државата ќе го преземе трошокот за лекување.

Ова се предвидува со меморандумот за соработка во услови на Ковид-19, што денеска го потпиша премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерите на Србија и на Албанија, Ана Брнабиќ и Еди Рама, во присуство на министрите за здравство.

Заев истакна дека со ова се поставува патот за уште посилна соработка помеѓу земјите.

„Со денешниот меморандум го поставивме патот за уште подобра соработка на нашите соседни земји, сакаме да им го ослениме животот на граѓаните и да поставиме основи за економско закрепнување. Почнувајќи веднаш, работиме на координација во обезбедување вакцина за Ковид-19“, истакна Заев.

Нагласи дека граѓаните ќе се движат помеѓу трите земји без потреба од ПЦР-тестови, односно ќе се ослободат од административен и финансиски товар.

Албанија и Србија во рамките на овој настан потпишаа и и билатерален договор за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека е многу среќен и се гордее што трите земји го потпишаа меморандумот за разбирање и соработка во борбата против Ковид-19, како што рече тој, преку меморандумот земјите ќе може заедно да разменуваат информации и ќе преземаат мерки во борбата против коронавирусот.

„Важно е со тоа да создаваме поголема блискост и доверба, да можеме и на најконкретен начин да им помогнеме на нашите луѓе. Со овој меморандум ќе може нашите болници да ги примат на лекување луѓето од С. Македонија и Албанија, кои се заразени со вирусот, и на тој начин ќе постигнеме поголема меѓусебна сигурност“, рече српскиот претседател.

Вучиќ истакна дека е многу важно тоа што земјите меѓу себе не ги затвораат границите оставајќи простор заедно да се борат со вирусот бидејќи тој не познава националности.

„ММФ предвидува дека нашите три земји во следниот период од три години ќе имаат најголема стапка на развој во овој дел од Европа и верувам дека со дополнително поедноставување на процедурите и со зголемување на капиталот и луѓе можеме да постигнеме многу кога формално ги решивме сите пречки. Ќе имаме многу повеќе Албанци во Ниш што сакаат да ја посетат Србија, но и многу Срби што сакаат да ги видат Драч, Тирана и Валона и сите други места во Албанија, како што сакаат да ги видат Скопје, Охрид и Велес во С. Македонија“, рече Вучиќ.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, потпишувањето на меморандумот и меѓудржавниот договор за слободно движење на српските и албанските граѓани со лични карти ги оцени како историски чекор напред за трите земји.

„Среќен сум што од утрешниот самит во Софија почнува една нова фаза на нашата тесна соработка и Косово ќе се предружи на иницијативата. Многу е важно таму да ја повториме нашата посветеност за интеграција на балканските земји во ЕУ и зелениот договор што сите го прифаќаме. Цврсто сум уверен дека оваа иницијатива ќе расте и ќе ни помогне на сите нас“, рече албанскиот премиер.

Рама додаде дека за земјите не постои друг пат, ниту можност од меѓусебна соработка и комуникација за подобра иднина, тој исто така упати благодарност за денешната иницијатива и организацијата на македонската влада.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико