(Видео) Граѓанските здруженија со предлог-закон до Собранието за отпис на долгови направени пред 2014 година | Правдико

Правдико

   

(Видео) Граѓанските здруженија со предлог-закон до Собранието за отпис на долгови направени пред 2014 година

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Конфедерацијата на синдикални организации на Република Македонија, здруженијата на граѓани „Човекот над профитот“, „Но пасаран“ и „Гласен текстилец“ денеска во Собранието на Република Македонија доставија предлог-закон за отпис на долгови физички лица кои произлегуваат од услугите од општ интерес, користени пред 31 декември 2014 година.

Ана Глигорова од здружението „Човекот над профитот“ вели дека финансискиот прогон кон граѓаните мора да престане и оти 100 илјади граѓани на Република Македонија плаќаат виртуелен долг, поради што им е загрозен опстанокот.

„Со предлог-законот се предлага отпис на долгот на физичките лица кон комунални претпријатија, односно за сметките за струја, вода и топлинско греење. Недозволиво е во 21 век на луѓето да им се исклучува водата“, рече Глигорова.

Таа порача пратениците сериозно да го разгледаат овој предлог-закон, да бидат кооперативни и да го изгласаат.

Пратениците во јуни оваа година расправаа за сличен предлог-закон, како овој доставен од граѓанските здруженија, но за нив тој е неприфатлив. Од Конфедерацијата на синдикални организации предлагаат во најмала рака членови од нивниот предлог-закон да бидат имплементарани во законот за кој се расправаше во јуни.

„Ова е грабеж на граѓаните. Вакви предмети не застаруваат, што е апсурд. Законот кој пратениците го разгледуваа пред неколку месеци за нас е неприфатлив“, рече Марјан Ристевски од Конфедерацијата на синдикални организации.

Виктор Јованов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико