Правдико

   

(Видео) Груевски утринава дојде на „Траекторија“, но не ја слушна пресудата за „Тенк“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Експремиерот Никола Груевски изутринава дојде на судењето за „Траекторија“, но тоа се одложи и тој си  замина од судот, не чекајќи да ја слушне пресудата за случајот „Тенк“, со која е осуден на 2 години затвор за набавка на луксузниот владин мерцедес.

Судијката Добрила Кацарска попладнево соопшти дека Груевски е виновен за примање награда за противзаконито влијание.  Ѓоко Поповски од МВР доби 6, 5 години затворска казна. Адвокатите на Груевски и Ѓоко Поповски најавија жалби на одлуката на судот.

„Право на обвинетиот Никола Груевски е да не се појави на изрекување пресуда“, рече по изрекување на одлуката за случајот Тенк“, Димитар Дангов, адвокат на поранешниот премиер.

Прашан зошто Груевски не се појави на изрекувањето на првата пресуда против него за постапките на СЈО, Дангов кратко одговори дека неговиот клиент бил утрово во старата зграда на основниот суд Скопје 1 на судењето за случајот „Траекторија“. Но, тој додаде дека не знае зошто неговиот клиент не се појавил на пресудата и дека правото на отсуство му го дозволува законот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико