(Видео) Хан: Независносто судство и борбата против криминалот и корупцијата и понатаму остануваат стратешка цел
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Еврокомесарот Јоханес Хан на прес-конференцијата во Владата по средбата со премиерот Зоран Заев изјави дека е убеден дека земјава во октомври ќе добие зелено светло за почнување на преговорите со ЕУ.
Тој ја пофали Република Северна Македонија дека го испорачала сето она што го барала ЕУ и дека нема сомнеж дека земјата е на вистонскиот евро-атлански пат.
„Очекувам дека во октомври ќе биде завршена таа работа. Очекувавме тоа да се случи во јуни, но, за жал, не добивме позитивен сигнал, но тоа не значи дека треба да губиме надеж. Земјава многу направи и е позитивен пример во регионот, како треба да се работи на реформите“, рече Хан.
Тој додаде дека сепак работата на евро-атлантските интеграции не завршува тука и дека земјава треба да направи стабилен судски систем и да го донесе со консензус законот за јавно обвинителство.
„Независносто судство, борбата против криминалот и корупцијата и понатаму остануваат стратешка цел и таа не е важна само за ЕУ, туку за самата држава и нејзините граѓани. Сакам да ја пофалам опозицијата бидејќи е кооперативна во однос на таа цел и се надевам дека ќе покаже волја да биде донесен законот за да продолжат сите судски постапки и да се заокружи тој процес“, рече еврокомесарот.
По средбата со премиерот Зоран Заев, Хан ќе се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и со лидерот на лидерот на Беса, Биљал Касами, и новоизбраниот претседател Стево Пендаровски.
По средбите во Скопје, Хан патува за Белград каде ќе се сретне со српскот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.
Извор: Макфакс