(Видео) Илегални мигранти плаќале по 4.000 евра за да стигнат до Европа
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поголема група шверцери на мигранти се откриени при претреси што од рано изутрината биле извршени во Сараево и Мостар. Во рамките на оперативната акција „Центар“ спроведена е опсежна истрага во Босна и Херцеговина, со која се опфатени повеќемина осомничени дека организирале шверц на илегални мигранти од Индија, Пакистан, Иран и од други земји.
Илегалните мигранти биле шверцувани од Црна Гора и Србија во БиХ, каде што им било обезбедувано сместување, по што биле пренесувани кон земјите од ЕУ. Организаторите на илегалните мигранти им наплаќале по 4.000 евра. Во текот на полициската акција биле откриени најмалку 50 случаи на цверцување мигранти.
Извор: Макфакс