(Видео) Илјадници Грци кажаа Охи на уцените на ЕУ и ММФ | Правдико

Правдико

   

(Видео) Илјадници Грци кажаа Охи на уцените на ЕУ и ММФ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Илјадници луѓе синоќа се собраа во центарот на Атина за да протестираат против „уцените на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд“, јави дописникот на МИА од грчкиот главен град.

greece-protests

Членови на владејачката партија Сириза, два левичарски синдикати, политички групи, како и многу други луѓе носеа транспаренти и извикуваа слогани за „достоинство, демократија и живот“, во пресрет на референдумот на 5 јули.

“Не за нови меморандуми, не за штедење, отпишете го долгот, нашите животи ни припаѓаат на нас“, беа само некои од слоганите што без извикувани на протестот.

Коментирајќи го протестот на својот профил на Твитер, грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој имаше интервју за државната телевизија ЕРТ, изјави дека реакцијата на луѓето му дава сила.

„Големиот собир на луѓе на Синтагма, за гордото „не“, ни дава сила“, напиша Ципрас на Твитер на пат кон ЕРТ.

Сириза уште синоќа на своите профили на социјалните мрежи објави фотографија од протестот, на која напиша „Со силата на народот – НЕ“ и веќе ја користи за свој заштитен знак.

Извор: еМагазин

Партнери на Правдико