Правдико

   

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и корупција каде беше повикан да даде исказ за случувањата од 27 април 2017 година во Собранието.

Јанакиески на распитот побарал увид во доказите кои ги поседува обвинителството за крвавиот четврток.

Покрај ексминистерот за транспорт и врски, неделава на распит беа повикани и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, и ексминистерот Спиро Ристовски.Обвинителството за организиран криминал и корупција на почетокот на годинава отвори истрага против пет лица кои се сомничат дека се организатори на упадот.

Освен Јанакиески, како организатори се осомничени и експремиерот Никола Груевски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовки и Никола Бошкоски, поранешен вработен во УБК кој е во бегство.

Во претходната постапка за крвавиот четврток, Јанакиески, Вељаноски и Ристовски, од страна на сега осудениот Александар Василевски Нинџа беа посочени како организатори на упадот во Собранието. Според сведочењето на Василевски, ексминистрите на 27 април се наоѓале на осмиот кат во зградата на ВМРО-ДПМНЕ од каде го координирале упадот.

Во февруари на Јанaкиески му беше определен куќен притвор поради опасност од бегство и влијание врз истрагата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико