(Видео) Јанева: Истражуваме финансиски криминал во Чешка, Грција, Британија и Холандија | Правдико

Правдико

   

(Видео) Јанева: Истражуваме финансиски криминал во Чешка, Грција, Британија и Холандија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешниот настан за соработка за водење финансиски истраги со Амбасадата на Холандија рече дека истражуваат криминал во повеќе европски земји.

„Се надевам дека ќе откриеме каде се одлеани парите и дали се во Македонија“, рече Јанева и посочи дека истражуваат финансиски криминал во Чешка, Грција, Велика Британија и Холандија

Во изјава за медиумите Јанева рече дека СЈО подолго време презема активности за проектот „Скопје 2014“. „Не би сакала да прејудицирам, но се надевам дека наскоро ќе излеземе со јавнообвинителска одлука“, рече таа. Исто така, Јанева додаде дека водат сметка да не застарат предметите што ги водат. За дел од истрагите што ги објавија лани, рече дека се во завршна фаза. „Се надеваме дека Владата на РМ побргу ќе го реши статусот на СЈО“, рече Јанева.

Јанева искритикува дел од адвокатите кои ги бранат обвинетите во предметите на СЈО. „Има Асоцијација на адвокати. Таму има тела, институти. Треба да се ангажираат за интегритетот на нивните колеги“, рече Јанева и додаде дека дел од адвокатите намерно ги одложуваат рочиштата.

В. Маглешов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико