(Видео) Јасна Мандиќ од куќен притвор донесена на распит во Обвинителството
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, соработничката на Бојан Јовановски, од куќен притвор со полициска придружба беше спроведена во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Мандиќ пред обвинителката Вилма Русковска треба да даде исказ за случајот поврзан со работата на невладината Меѓународен сојуз, каде што таа е заменичка на Јовановски.
Таа се сомничи за измама и перење пари, кои Јовановски наводно ги зел од бизнисмени за изградба на европски центри за возрасни лица, преку сметки на приватни лица.
Мандиќ се наоѓа во куќен притвор повеќе од два месеца кога судот позитивно одговори на барањето од обвинителката Вилма Русквоска, која побара ваква мерка поради превентива од бегство, уништување докази и влијание врз сведоци.
Освен заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ, Обвинителството за делата измама и перење пари ги сомничи и таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, асистенката на Јовановски, Христина Блажевска, како и самиот Бојан Јовановски.
По Мандиќ, со документи од Меѓународниот сојуз дојде нејзиниот бранител, Душко Јанковиќ.
Извор: Макфакс