(Видео) Камион за заплена пристигна пред домот на Јанева | Правдико

Правдико

   

(Видео) Камион за заплена пристигна пред домот на Јанева

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По половина час откако полицијата се врати да направи дополнителен претрес во домот на обвинителката Катица Јанева во Козле, пред нејзината куќа дојде и камион во кој се товараше мебелот од околу 5 илјади евра што таа го добила од Орце Камчев за да му биде олеснета положбата во случајот „Империја“.

Според истрагата, Јанева стекнала 298.000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.

Денеска, при претрес во СЈО ѝ бил одземен компјутерот на Јанева, а во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Пред домот на Катица Јанева забележиво е и полициско присуство, а запленетиот мебел веројатно ќе биде пренесен во депо на МВР.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико