(ВИДЕО) Караџоски одби да одговори дали ќе понесе одговорност ако се утврди месетење на судии во кривичен | Правдико

Правдико

   

(ВИДЕО) Караџоски одби да одговори дали ќе понесе одговорност ако се утврди месетење на судии во кривичен

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџоски одби да одговори на прашање на „Макфакс“ дали ќе понесе лична одговорност тој и членовите на Судскиот совет ако се утврди дека има злоупотреби на АКМИС системот во кривичниот суд за распределба на предмети. „Јас немам коментар на тоа, тоа што сум го мислел да го соопштам за тоа, сум го соопштил, и го очекувам извештајот“, рече Караџоски.

Овој систем наменет за електронска распределба фрли сомнеж дека предметите не се распределуваат електронски, туку се даваат лично на рака на политички „подобни“ судии. Системот АКМИС е воведен со измените и дополнувањата на судскиот деловник. Изработен е од компанијата „Едусофт“ од Скопје, со финансиска поддршка од УСАИД.

В. Маглешов

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико