Правдико

   

ВИДЕО: Кажете СТОП на Сајбербулингот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сите ние живееме во едно време кога технологијата и интернетот го имаат најголемиот дел од нашето општество. Додека технологијата екстремно помага во нашиот комфор, постои и таа друга страна, негативна со која се злоупотребуваат сите предности што таа ги има.

Слобода на говорот, слобода на пристапот кон информаци, колку и да помога во нашиот живот, сепак сме сведоци дека таа се злупотребува во голема мера. Ова беше поттик студенти од ФИНКИ, да го започнат овој проект за Сајбер булингот и да ги запознаат луѓето со насилството од ваков тип. Тие направија анкета на која беа анкетирани 57 лица. Според анкетата, можеме да забележиме дека младите денес највеќе ги користат технологиите коишто ги нуди Интернетот, но и дека не се запознаени што се може да се случи со невнимателно користење и дека лесно може да се стане жртва без директен контакт, туку преку виртуелна комуникација.

Ова посебно се однесува на тинејџерите, бидејќи според статистиките тие се најголемите жртви на сајбер булингот. Постојат податоци дека сите адолесценти кои се поврзани вакво нешто, докажано е дека доживуваат депресивен ефект, значително зголемена анксиозност и чувство на осаменост. Ова значи дека сите тинејџери кои се жртви на сајбер булингот искусуваат психолошки проблеми кои може да ги следат до крајот на животот, а во екстремни случаи, ова дури може да доведе и до самоубиство.

Со цел да ги запознаат повеќе луѓето со терминот сајбербулинт, тие изработија посебен план со активности, кои ги разработија. Направија видео кое е споделено на социјалните платформи како Facebook и Twitter заедно со хештагот #НаучиНештоЗаСајбербулингот и #КажетеСтопНаСајбербулингот преку кое јасно се гледа колку лесно може да се стане жртва и дека не сме ни свесни дека Интернетот може да стане ”убиец”.

Преку видеото сакаат да пренесат порака дека луѓето коишто го вршат тоа насилство имаат цел да навредат некој, да понижат и уништат нечиј живот. Бидете внимателни кога гледате во екранот, видете внимателни кога пишувате на тастатура, бидете внимателни со вашите мисли, бидете внимателни како го користите Интернетот, бидете внимателни бидејќи вашиот живот е во ваши раце. Не дозволувајте сајбербулингот да стане ваш убиец. Користете го внимателно и правилно Интернетот.

Паралелно на ова го споделуваме и твитот како мотив и оружје на самоодбрана од ваквиот тип на насилство:

Не треба никој да ви каже кои сте или какви сте. Вие сте она што сте!

Партнери на Правдико