(Видео) Казнети 310 пешаци – преминувале улица на црвено светло и надвор од пешачки премин | Правдико

Правдико

   

(Видео) Казнети 310 пешаци – преминувале улица на црвено светло и надвор од пешачки премин

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во текот на вчерашниот ден (21.2.2022) во периодот од 9:00 до 14:00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци што ги прават пешаците.

Притоа, санкционирани се 310 пешаци од кои, 217 за небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин, 77 за минување на црвено светло… Од нив 141 на територија на СВР Скопје, 36 на територија на СВР Охрид, по 34 на територија на СВР Тетово и на територија на СВР Битола…За време на контролата регистрирани се и 133 останати прекршоци.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико