(Видео) Кои градови се европските центри на дрогата?
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Неодамна Европската агенција за борба против дрогата го објави најновиот извештај за 2017 година со листа на градови во ЕУ во кои најмногу се употребува кокаин, амфетамин, MDMA и кристален метамфетамин („кристал мет“). На врвот на листата се наоѓаат Барселона, Амстердам и Ајндховен.
Според овие податоци, Барселона е престолнина на кокаинот во Европа. Овој шпански град, познат по своите изворедни временски услови, се најде на врвот на табелата во анализата на употребата на дрога низ Стариот Континент. Лондон годинава не се појави на листата, но беше рангиран на првото место во 2014 и 2015 година.
Во најновиот извештај се наведува дека холандскиот град Ајндховен предничи во употребата на амфетамини, како што е спидот. Амстердам, пак, е прв кога е во прашање употребата на MDMА, а за Хемниц во Германија е утврдено дека е европски град во кој најмногу се употребва „кристал мет“.
Истражувачите излегоа со овие резултати по анализата на примероци на отпадни води од 56 градови во 19 европски земји. Се проценува дека проектот, кој траел една недела во март минатата година, опфатил податоци од 43 милиони луѓе. Научниците анализирале колку дрога се користела во градовите преку мерење на нивото на недозволени супстанци пронајдени во урината.
Што се однесува до употребата на кокаин, анализата покажала дека во Барселона, на 1.000 жители просечно се консумираат 965,2 милиграми. Ова воедно е највисоката регистрирана количина од кога се вршат мерењата и е за 34 отсто повисока од онаа измерена во белгискиот град Антверпен, кој во 2011 година ја имал водечката позиција. Статистичките податоци покажуваат дека оваа количина е за 33 пати повисока од онаа што се консумира во главниот град на Финска, Хелсинки (29,9 милиграми).
Барселона е на листата на градови во кои најмногу се користи кокаин, по Цирих, Бристол, Антверпен, Сент Гален и Женева. Кокаинот, по канабисот, се смета за втора најпопуларна дрога во светот која има постара база на клиенти, а се проценува дека околу 750.000 луѓе во Англија и Велс користат кокаин секоја година.