(ВИДЕО) Кои се бегалците и дали се опасност за Европа
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Германско студио за дизајн, “In a Nutshell – Kurzgesagt” од Минхен направи краток анимиран филм во кој ја опишува позадината на бегалската криза во Европската унија.
Во филмот е даден краток историски преглед на историјата на Сирија, од владеењето на Асад, низ Арапската пролет, се до навлегувањето на разни екстремистички групи, а сето тоа е како вовед со цел да се објасни причината на најголемиот прилив на бегалци уште од Втората светска војна.
Сирија моментално е земја со најмногу бегалци во светот, кои масовно доаѓаат во земјите од Европската унија и бараат азил.
„Моментално создаваме историја. Како сакаме да не запаметат? Како ксенофобични богати кукавици зад оградата? Мораме да разбереме дека ова се луѓе кои бегаат од смрт и деструкција. Прифаќајќи ги во наше друштво добиваме многу, додека игнорирајќи ја кризата, можеме да изгубиме многу. Доколку не покажеме хуманост и разум, само ќе се зголемува бројот на мртви деца на брегот. Ќе го направиме ова како што треба и ќе бидеме најдоброто што можеме да бидеме“, гласи пораката на видеото.
Извор: еМагазин