Правдико

   

(Видео) Кокаинот од Колумбија бил скриен во банани, приведени се четири лица

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

МВР соопшти детали за запленетиот килограм кокаин по потекло од Колумбија, кој беше запленет во полициска акција во селото Крушопек во скопски Сарај. Кокаинот бил дел од многу голема количина дрога, чија крајна дестинација била нашата земја. Приведени се четири лица и отворена е финансиска истрага за правното лице во чии простории е пронајдена дрогата. Во тек е истрага и за евентуална вмешаност на други физички и правни лица, информира на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

По претходно добиено известување, Министерството за внатрешни работи во соработка со ОЈО за ГОКК презеде широк спектар оперативно-технички и полициски мерки и активности за пресекување меѓународен канал за транспорт на кокаин во големи количини по потекло од Колумбија. По ова, веднаш беа преземени соодветни оперативни подготовки и активности од страна на македонската полиција и во рамките на истрагата во координација со Јавното обвинителство и со царинските и полициските служби од Македонија беше утврдено дека краен примач на пратките со банани е правното лице од Скопје – „Банекс компани“ ДООЕЛ, информираат од МВР.

Како резултат на сето тоа, вчера (19 февруари), околу 9 часот, на ГП Ќафасан, Струга на влез во нашата држава евидентирано е ТМВ, „ивеко“, влекач и приколка, управувано од триесет и едногодишниот Ј. К., државјанин на Црна Гора, кој по завршување на царинските формалност, со товарното возило се упатил кон скопското село Крушопек. По пристигнувањето на возилото во Крушопек, од страна на полициски службеници, а по претходно обезбедена судска наредба, извршен е претрес во магацински простор, при што затекнати биле и лицата Ј. Е. (22), инаку син на сопственикот на правното лице, кое е краен примач на стоката, и Р. И. (51) од Скопје, вработено лице, кои вршеле истоварање на стоката. При извршување на истоварот на самото место, неповикан дошол и 47-годишниот С. Е. од Скопје, воедно сопственик на правното лице.

При извршениот детален претрес на магацинот и камионот со кој се превезувале банани, во еден од пакетите било пронајдено едно правоаголно пакување со непозната бела прашеста материја – кокаин, кое било облепено со зелена трака. Тоа е одземено и предадено на понатамошно вештачење. Исто така, при претресите биле пронајдени и одземени мобилни телефони, парични средства во износ од речиси 3.000 евра, 700 долари, 188 илјади денари, како и товарно моторно возило „ивеко“, заедно со 1.098 пакети банани и друга документација.

По завршување на претресот, од слобода се лишени Ј. К. – возач на камионот, С. Е. – сопственик на правното лице и краен примач на стоката, и Ј. Е. и Р. И. – кои биле затекнати во магацинот додека се вршел истовар на стоката. Тие се задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат предадени за понатамошна постапка кај надлежен јавен обвинител.

„Првичните проверки укажуваат дека правното лице, кое е увозник, претходно во 120 наврати извршила увоз на овошје, во најголем дел од Колумбија и во помал дел од Еквадор.
На крајот ќе споменам дека станува збор за меѓународна операција против криминалните структури вклучени во трговија со дрога и во оваа пригода сакам да изразам благодарност до колегите во Министерството за внатрешни работи, ОЈО и Царинската управа, како и партнерските институции од земјите што се вклучени во оваа акција за високото ниво на соработка и конспиративноста во реализација на оваа полициска акција.

Во текот на денешниот ден и деновите што следуваат од страна на Министерството за внатрешни работи ќе бидат преземени опсежни мерки за известување на земјите низ кои поминувал транспортот сè со цел добивање дополнителни информации и утврдување други криминални групации кои се вклучени во оваа трансационална нелегална активност.
Покрај овие меѓународни активности, Министерството за внатрешни работи ќе преземе активности за утврдување други правни или физички лица, кои се во корелација со конкретното правно лице, а би можеле да бидат вклучени во оваа нелегална активност. А дополнително, во текот на денот ќе биде почната и финансиска истрага кон конкретниот правен субјект и физичките лица.

Со оглед на тоа дека се работи за голема количина, која, според информациите, била со крајна дестинација во нашата држава, уште еднаш се потенцира релевантноста на македонските криминални групи на меѓународниот кокаински пазар, а од друга страна, инфериорноста и отсуството на волја од претходните политички фактори во државата за преземање одлучни и конкретни чекори во справување со ова зло на нашето опшество“, велат од МВР.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико