(Видео) Костадиновска Стојчевска: Границата за лична асистенција на лицата со попреченост се спушта од 18 на 6 години
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Усвоени се измените на Законот за социјална заштита, со кои границата за лична асистенција се спушта од 18 на 6 години, информира пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.
Според неа, со измените секое дете со потешка и најтешка физичка попреченост или потполно слепо дете ќе може да добие личен асистент веќе со навршени шест години.
На овој начин, рече таа, ќе се овозможи индивидуална помош и поддршка и на децата за вршење на секојдневни активности и тоа заради пристап до образовните институции, центрите за рехабилитација и вклучување во заедницата, активности кои дете без попреченост вообичаено ги врши без поддршка.
Со овие законски измени, според Костадиновска Стојчевска, се очекува 200 деца да добијат услуга на лична асистенција и тоа од 80 часа во текот на еден месец.
„Го поттикнуваме личниот и образовниот развој на децата и им помагаме на родителите во секојдневната грижа за нив. За нас, детската и социјалната заштита се врвен приоритет. Затоа носиме решенија кои го олеснуваат животот на граѓаните, но и обезбедуваат еднакви шанси за личен и образовен развој на секое дете“, рече таа.
Извор: Макфакс