(ВИДЕО) Ленче Ристоска: Секој државен службеник е должен да одбие незаконска наредба | Правдико

Правдико

   

(ВИДЕО) Ленче Ристоска: Секој државен службеник е должен да одбие незаконска наредба

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

„Убедени сме во основаноста на обвинението“, рече по изнесувањето на завршните зборови во случајот „Тврдина 2“, обвинителката Ленче Ристоска. „Очекуваме да бидат осудени зашто доказите кои што ги приложивме упатуваат на нивна одговорност“, изјави обвинителката по изнесувањето на завршните зборови.

Ристоска замоли медиумите да не ги објавуваат идентитетите на шесте службенички во УБК, бидејќи тие сè уште се вработени таму.

Тоа е од интерес за безбедноста на нив самите и на нивните семејства, рече Ристоска. Секој државен службеник е должен да одбие незаконска наредба, изјави обвинителката на новинарско прашање за исказот на службеничките дека не извршиле кривично дело со умисла, туку само извршувале наредба.

В. М.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико