ВИДЕО: Македонец починал во затвор во Америка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Македонецот Давид Стојчевски, кој живеел во Америка, починал во затвор каде што одлежувал казна затвор во траење 17 дена. Како што известуваат локалните медиуми, Стојчевски се наоѓал во затвор поради неможноста да плати казна за невнимателно возење.
Во 2014 година тој бил казнет поради невнимателно возење, а казната изнесувала 772 долари. Стојчевски не успеал да ги исполни барањата на полицијата од Макомб Каунти и бил осуден на 30 дена затвор, а требало да одлежи 17.
Во периодот од тие 17 дена Стојчевски многу ослабел.
– Ова е срамно и претставува голема негрижа, вели Роберт Ири, адвокат кој поднел тужба против локалните власти на барање на семејството Стојчевски.
Имено Стојчевски бил поранешен зависник од дрога и бил на метадонска терапија, но властите од затворот не му помогнале тој редовно да ја добива терапијата. Тој бил ставен во посебна ќелија во медицинскиот оддел, но од она што се забележува на видеото не било преземено ништо и покрај тоа што се гледа дека тој имал кризи.
Една година по трагичниот настан семејството Стојчевски одлучило да покрене тужба против затворските власти и го објавува видеото со цел да ја подигне свесноста кај сите за што се случува во затворите.
Извор: Утрински Весник