Правдико

   

(Видео) Милион евра за информации за најбараниот криминалец во Европа

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Василис Палаикостас е добро познат на грчката и европската полиција особено по неговите спектакуларни бегства од добро чуваните затвори – двапати успеал да им избега на чуварите со хеликоптер.

Неговото прво бегство се случило во 2006 година. Тогаш неговиот брат Никос со еден соучесник го спасил со хеликоптер од затворот Коридалос близу Атина. Со закана од оружје, тие го принудиле пилотот да слета со хеликоптерот во затвор, а чуварите мислеле дека станува збор за официјална посета.

По две години криење, Василис повторно бил уапсен и ставен во затвор. Но ниту тогаш не останал долго зад решетки. Хеликоптерот повторно бил користен за да избега, а овој пат Гркот избегал благодарение на јажето што му било испуштено од леталото. За време на бегството, се случила и размена на оган меѓу чуварите и бегалецот, но тоа не го спречило Василис повторно да биде на слобода.

Според „Европол“, Василис во моментов е најбараниот криминалец во Европа, се бара за кражба, киднапирање, фалсификување документи, обид за убиство, закани и уцена.

Наградата за оној што ќе понуди какви било информации за него е дури милион евра.

Василис е наречен и Робин Худ, бидејќи голем дел од парите што ги крадел ги давал на сиромашните и затоа е популарен во неговата земја. Инаку, тој и неговиот брат Никос се познати по киднапирањето на бизнисменот Александар Хаитоглу во 1995 година во Солун, за чие ослободување барале откуп од 734.000 евра.

Грчката полиција верува дека Василис Палаиокостас исто така организирал во јуни 2008 година киднапирање на претседателот на Стопанската комора на Северна Грција, Јоргос Милонас (49), сопственик на „Алумил“, најголемата грчка групација за производство на алуминиум.

Милонас бил ослободен на 23 јуни откако неговото семејство платило откуп од 12 милиони евра.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико