(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo | Правдико

Правдико

   

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во Обвинителството и уредно беше направен записник. Затоа предлагам дека најдобро би било да го повикаат Зоран Заев во Oбвинителство да каже кој бил со него во владата и тие лица што биле со него да бидат повикани како сведоци. Овој пат ќе кажам дека има разлика, бидејќи и самиот Заев кажа дека негovиот глас e на снимките“, изјави Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој предлага и да се земат снимки од камерата на владата при што со сигурност може да се утврди кој во месец мај 2019 бил на разговор во владата и со која намера.

„Се работи за материјал на анонимен укажувач и јас не можам да влијаам на него. Она што го имаше како материјал ми го достави и јас го проследив до Обвинителството. Уште еднаш ќе повторам дека овие транскрипти содржат индиции за мешање на извршната во законодавната власт. Затоа е најдобро да започне предистражна постапка, која ќе ги расветли овие сомнежи”, рече Милошоски.

Овие снимки Милошоски ги предава во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, откако викендов на партиска прес-конференција објави дека наводно Заев бил во дослух со ексшефицата на СЈО Катица Јанева и посочи дека законодавната власт имала влијание врз судската власт.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико