Правдико

   

(ВИДЕО) Министерот Нухиу бара разрешување на Митко Чавков

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу поднел предлог за разрешување на Митко Чавков од функцијата координатор на оперативниот штаб и директор на Бирото за јавна безбедност.

На денешната пресконференција министерот рече дека веќе го назначил државниот советник во МВР Горанчо Савевски за нов координатор на оперативниот штаб.

– Формирав работна група составена од професионалци која има задача да утврди дали оперативниот штаб постапувал согласно утврдените процедури пропишани во МВР како и за направени пропусти и пречекорувања на овластувањата или неизвршување на задачите. Ги повикувам вработените во МВР да се вклучат активно и да достават службени материјали за настаните од минатиот четврток. Враќање назад нема, мора да се расчистат работите и секој ќе одгавара за своите постапки. На МВР му се потребни професионалци кои ќе бидат столб на оваа институција, рече Нухиу.

Тој им заблагодари на медиумите за професионалноста при извршувањето на задачите за време на настаните во Собранието и изрази надеж дека ќе останат професионални и во иднина.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико