(Видео) МИОА подготви листа на документи што министерствата имаат законска обврска јавно да ги објавуваат | Правдико

Правдико

   

(Видео) МИОА подготви листа на документи што министерствата имаат законска обврска јавно да ги објавуваат

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски информираше дека Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата подготвена од Министерството за информатичко општество и администрација, што се однесува на листа на акти и материјали коишто министерствата согласно закон се обврзани да ги објават на своите веб-страни.

Станува збор за листа од 21 документ, коишто во наредните 15 дена треба да бидат објавени на веб-страните на министерствата.

„Анализите спроведени во 2016 година покажуваат дека во поглед на отвореностa на извршната власт, Македонија е на последно место во регионот со исполнување на само 36% од индикаторите во истражувањата. Имајќи ја во предвид целта на Владата за транспарентност и отчетност во своето работење, се наметна потребата да се преземат конкретни мерки и активности за подобрување на оваа затекната состојба“, истакна министерот Манчевски.

Обврската за објава на листата на документи на веб страните на министерствата подразбира и нејзино ажурирање. Дополнително, на овој начин ќе се обезбеди и полесен пристап до административните услуги.

„Отвореноста на институциите претставува клучен услов за демократијата. На овој начин на граѓаните им се овозможува да добиваат информации кои се неопходни за еднакво учество во политичкиот живот, учество при донесувањето на одлуки и барање одговорност од институциите“, посочи министерот Дамјан Манчевски.

Во прилог листата на документи:

1. Стратешки план
2. Буџет
3. Усвоени извештаи за реализација на Буџетот
4. Ревизорски извештаи
5. План за јавни набавки
6. Правилник за внатрешна организација
7. Органограм за внатрешна организација
8. Правилник за систематизација на работните места
9. Список на лица вработени во институцијата со позиција, службен е-маил и службен телефон.
10. Консолидирани текстови од закони и подзаконски акти во надлежност на секое министерство
11. Обрасци што ги користат граѓаните при доставување на поднесоци до министерствата за остварување на нивните права, а особено обрасци на барања од граѓаните за издавање на реални акти, за оние министерства коишто ги издаваат
12. Тарифници за надоместоци за издавање на реални акти
13. Листа на информации од јавен карактер
14. Контакт од лице задолжено за информации од јавен карактер.
15. Правилник за заштитено внатрешно пријавување
16. Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување
17. Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен е-маил и службен телефон.
18. Контакт телефон и е-маил од министерството за генерални прашања
19. Листа на активни регистри што ги водат министерствата, во зависност од надлежноста
20. Биографии од Министерот, Заменик министерот и Државниот секретар.
21. Најава на месечни настани или онлајн календар

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико