(Видео) Најголема заплена на амфетамини во Хрватска, пронајдени 35 килограми дрога | Правдико

Правдико

   

(Видео) Најголема заплена на амфетамини во Хрватска, пронајдени 35 килограми дрога

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Повеќе од 35 килограми амфетамини пронајдоа инспекторите за дрога кај 30-годишен маж во Сплит, што е најголема заплена на амфетамини во Хрватска досега, се дознава од полицијата.

Дрогата била запленета во вторникот кога полицијата со судска наредба извршила претрес во станот што го користел 30-годишникот и по тој повод биле пронајдени и одземени 35 пакувања амфетамин со вкупна тежина над 35 килограми.

Покрај тоа, во станот биле пронајдени 617 грама марихуана, дванаесет стебленца марихуана и опрема за одгледување. Покрај кривичната пријава за неовластено производство и трговија со дрога, 30-годишникот е предаден на супервизор за притвор во средата, соопшти полицијата.

„Ова е досега најголема заплена на овој вид дрога во Република Хрватска. Оваа заплена е продолжение на позитивниот тренд и одличните резултати на Полициското одделение Сплит-Далмација кога станува збор за криминал со дрога“, изјави портпаролот на полицијата, Антонела Лолиќ.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико