(Видео) Наумче Мојсовски: Бараме законско решение за спортистите да добијат право на пензија | Правдико

Правдико

   

(Видео) Наумче Мојсовски: Бараме законско решение за спортистите да добијат право на пензија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Правиме законски решенија со кои овозможуваме поранешните, но и сегашните спортисти да добијат право на пензиски стаж, пензиско осигурување и пензија. Денес ја исправаме децениската неправда кон спортистите, информира на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски.

„Kако ракометар со повеќе од 20 години успешна ракометна и репрезентативна кариера, немам ниту еден ден стаж, а истата судбина ја делат плејада на спортски легенди. И, тоа се тажни неправди, но и навреда за се’ што тој спортист дал за својата држава“, истакна на Мојсовски.

Директорот на АМС посочи дека во моментот се изнаоѓа модел со кој преку законски измени ќе се стигне до најдоброто решение.

„Во заедничка координација сме со Фондот за пензиско осигрување, Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика, Кабинетот на претседателот на Владата и информираната група при Агенцијата, за изнаоѓање најдобар модел со кој преку законски измени ќе се стигне до најдобро системско решение, односно времето кое спортистите го поминуваат професионално ангажирани во спортски клуб да им биде додадено, поточно тоа време, тие години да им бидат впишани во пензискиот стаж во момент кога ќе се исполнат законските критериуми и старосната граница за заминување во пензија“, појасни Мојсовски.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико