(Видео) Николовски: Инспекторите добиваат поголеми надлежности, нема толеранција за прекршителите на протоколите | Правдико

Правдико

   

(Видео) Николовски: Инспекторите добиваат поголеми надлежности, нема толеранција за прекршителите на протоколите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски заедно со членовите на Инпекцискиот совет, одржа прес-конференција за измените и дополнувањата на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести, којшто го усвои Собранието. Една е од клучните измени на овој заекон е со што сите инспекторати сега добиваат нови, поголеми овластувања, за постапување со прекршителите на здравствените ковид протоколи.

„Една е од клучните измени на овој заекон е со што сите инспекторати сега добиваат нови, поголеми овластувања, за постапување со прекршителите на здравствените ковид протоколи.

Конкретно, доколку на терен инспекткорите констатираат дека одредено правно лице ги прекршува здравствените протоколи, во истиот момент ќе му се изрече привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена, односно објектот на лице место ќе биде затворен. Апелирам ова да се сфати крајно сериозно, нема простор за компромис кога е во прашање јавното здравје!

Дополнително, според новите измени, висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект. За микро, мало, средно или големо претпријатие, како и соодветни глоби за одговорен на правно лице, трговец поединец или физичко лице. Со ова сакаме да покажеме и правичност и праведност во однос на големината на субјектот и нивото на самата казна. Ако воопшто постоеше некој кој се двоумеше и имаше недоверба во однос на тоа дали овие промени се потребни пред речиси еден месец, кога за прв пат ги претставивме пред јавноста, верувам дека сега со изгласувањето на законските измени и дополнувања, мислењето е променето.
Бројките на заразени растат. Болничките капацитети се полнат, здравствениот систем е веќе оптеретен, а и инспекциските служби и сите оние кои се стванеи во функција на заштита на здравјето на граѓаните.Ситуацијата е крајно сериозна“, изјави тој.

Според Николовски, Не напуштаат луѓе кои до вчера биле здрави, веќе речиси и да нема некој кој не чул за сосед, роднина, пријател, познаник, кој е заразен од коронавирусот. Вирусот е тука, посилен од било кога.

„Запрашајте се себеси, дали сме и ние како општество и поединци посилни од било кога во борбата против него? Едноставно е, дистанца, маска, дезинфекција и миење раце. Од нас зависи! Од секој еден поединец. Зар да се доведуваме до несакани ситуации кои стопроцентно можат да се избегнат? Мора да се сфатиме, дека само така со почитување на мерките и протоколите, и само заеднички ќе успееме да се намали ширењето на вирусот и да ја надмине оваа здравствена криза, која силно притиска и врз економијата. Можеме подобро и Ве молам секој пред себеси да си вети дека може и мора подобро! Нема друга алтернатива на патот што води кон подобро. Ова е тој пат. Патот на одговорноста, патот на дисциплинираноста, патот на почитување на ред и следење на правила. Ова се тешки времиња. А како што и нашите стари велат – јунаците на мака се познаваат. Да најдеме сила и да го дадеме најдоброто од нас. Помогни си себе и воедно ќе им помогнеш на другите. И уште еднаш апелирам, почитувајте го мерките и протколите, а толеранција за прекршителите нема да има!“, додаде Николовски.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико