(ВИДЕО) Обвинетата од Општина Гази Баба за случајот „ТНТ“ си го бара пасошот назад
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Апелациониот суд денеска беше разгледана жалбата на Марика Зафировска, вработена во Општина Гази Баба, која е обвинета во предметот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство за уривање на објектот „Космос“ на Фијат Цановски.
Зафировска од Судот побара да и’ се врати пасошот. Според нејзините адвокати, не може исклучиво висината на казната и тоа што не се јавувала во СЈО да бидат околности дека може да се даде во бегство.
Еден од адвокатите на обвинетата, Димитар Дангов, рече дека Судот ги ценел генерално мерките за претпазливост за сите обвинети од СЈО.
Обвинителот од СЈО, Стевчо Донев, рече дека остануваат на барањето на Зафировска да ѝ биде одземен пасошот бидејќи се зема предвид опасноста од бегство и висината на казната. Зафировска рече дека првпат е на суд и дека нема намера да бега, а целата постапка за уривањето на Космос била спроведена законски.
Извор: Макфакс