(Видео) Обвинетиот во „Триста“ се појави во судница, тврди дека е во депресија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, за кој обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, рече дека ќе го гони до смрт, се појави во судница. Неговата одбрана побара одложување на судењето бидејќи обвинетиот се лекувал од депресија и бил под наркотици. Поради тоа адвокатите сметаат дека не бил во состојба да следи и присуствува на судењето. Поповски се појавил бидејќи бил под притисок на СЈО и медиумите, изјави неговиот адвокат Боро Тасевски.
– Под притисок на СЈО, Судот закажува рочишта и го повикува обвинетиот Ѓоко Поповски додека тој е на отворено боледување, а се наоѓа и под медикаменти базирани на наркотици, лекови против болки и лекување на неговата депресивна состојба. Тој не може да го издржи психолошкиот притисок на јавноста, и поради тоа во ваква состојба беше принуден да се појави денес, да покаже дека не му е намерата да одбегнува туку едноставно дека здравстевната состојба не му дозволува да присуствуа и учествува во расправата, рече Тасевски.
Извор: Макфакс