(ВИДЕО) Обвинетиот за нападот на Шекеринска е правно неук
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Основниот суд Скопје 1 денеска се одржа судењето против Панче Ангелов, обвинет за насилството во Собранието за време на крвавиот четврток и за нападот на пратеничката Радмила Шекеринска. Адвокатот на обвинетиот Панче Ангелов за настаните од 27 април во Собранието изјави дека обвинетиот го гледа првпат во судницата бидејќи немал ниту мобилен ниту фиксен телефон за да му се јави и правно да го советува.
Адвокатот Драган Пешевски, кој му е доделен по службена должност, рече дека обвинетиот е правно неук. Јавното обвинителство претставувано од Наташа Гоџовска изјави дека Ангелов бил во првата група што влегла во Собранието, упаднала во прес-салата и му се заканила на Зоран Заев. Потоа стигнал до Радмила Шекеринска, при што ѝ нанел тешки телесни повреди влечејќи ја за косата и со шише замавнал кон присутните пратеници.
Според медицинската документација, кај Шекеринска бил констатиран потрес на мозокот, а кај Зоран Заев ластерација и хематом на главата. Обвинителството добило докази како видеозаписи од собраниските камери, документација од МВР, медицински извештаи и изјави од сведоци. Според Обвинителството, поведението на Ангелов предизвикало несигурност и страв кај присутните. Според образложението на обвинението, казната затвор за ова кривично дел е од три до 10 години.
Судењето денеска беше одложено за 6 октомври до кога обвинетиот треба да биде правно поучен за последиците од признавањето на вината, а со оглед на фактот дека нема финансиски средства да плаќа адвокат и дека е правно неук. Ангелов има завршено средно занаетчиско училиште и досега не бил осудуван.
В. Маглешов
Извор: Макфакс