(Видео) Обвинетите од „Насилство во Центар“ сметаат дека „Рекет“ го засега и нивниот случај | Правдико

Правдико

   

(Видео) Обвинетите од „Насилство во Центар“ сметаат дека „Рекет“ го засега и нивниот случај

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Александар Трајковски, еден од обвинетите за „Шлаканиците во Центар“,по денешното рочиште презентираше слика на која се ракуваат поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, и осомничениот Бојан Јовановски.

Тој вели дека заедно со останатите обвинети во случајот „Насилство во Центар“ се сомневаат дека Жерновски со финансирање на проект на Меѓународниот сојуз од еден милион денари успеал преку Јовановски и Јанева прекршочната да ја смени во кривична постапка со што ќе бидат прогонувани членови на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како обвинети кај нас постои сомнение дека и овој случај е инфициран од предметот ‘Рекет’. Доколку проверите на ‘Фејсбук’ ќе видите слика каде Жерновски е фотографиран со еден од осомничените и помошниците на Катица Јанева, Бојан Јовановски. Центар одвои средства за финансирање проекти на Јовановски.

Дали Жерновски како градоначалник има дадено 1 милион денари за да се процесуира кривичната пријава против нас. На почетокот била поднесена прекршочна, а потоа на негово барање отворена е кривична постапка“, рече Трајковски.

Тој го повика јавното обвинителство да се позанимава и да ја преиспита соработката на Општина Центар со Меѓународниот сојуз, чиј претседател е Бојан Јовановски.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико