(Видео) Обвинители ќе дежураат дополнително за денот на референдумот | Правдико

Правдико

   

(Видео) Обвинители ќе дежураат дополнително за денот на референдумот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителот Џељал Бајрами на денешната прес-конференција за новинарите рече дека на денот на референдумот дополнително ќе дежураат обвинители.

На 30 септември Бајрами посочи дека покрај дежурствата на обвинителите, цело време ќе функционира и привремената комисија за следење евентуални нерегуларности поврзани со референдумот.

„Формирана е привремена комисија за следење на противправности поврзани со извршување кривични дела, Глава 16 од Кривичниот законик, кривични дела против изборите и гласањето. Оваа комисија ќе има задача да ги следи евентуалните противправности поврзани со извршување на овие кривични дела за време на организирањето и спроведувањето на референдумот на 30 септември 2018 година. Оваа комсија во континуитет ги следи сите активности поврзани со организирањето и спроведувањето на референдумот. Во оваа комисија членуваат членови од сите четири виши јавни обвинителства и еден член од Основното јавно обвинителство Скопје и со тоа го покриваме целиот терен во државата“, изјави Бајрами.

Бајрами рече дека досега е поднесена само 1 кривична пријава за референдумот која била препратена до Обвинителството во Куманово.

На прашање дали има информации во врска со предистражната постапка за Јанко Бачев дека пренесувал обвинети за крвавиот четврток во Србија, а е дел од штабот за бојкотирање, Бајрами упати да се обратиме до Службата за односи со јавноста.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико