Видео од полициското насилство врз студенти во читалната „Браќа Миладиновци“ | Правдико

Правдико

   

Видео од полициското насилство врз студенти во читалната „Браќа Миладиновци“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Демонстрациите во текот на изминатата ноќ ескалираа брзо, оставајќи повредени и приведени лица. Околу 23 часот, полицијата влегла во читалната „Браќа Миладиновци“ и ги нападнала студентите кои биле таму барајќи демонстранти помеѓу нив.

Грозоморна снимка од тоа како студентите беа брутално нападнати додека спремаат испити и колоквиуми. Полициската бруталност мора да престане! Ова нема да помине неказнето! #НемаПравдаНемаМир

Posted by Студентски Пленум on Tuesday, May 5, 2015

 

Студентски пленум објави денес за оваа вест. На социјалните мрежи беа објавени и повеќе видеа.

„Заедницата на социјалните мрежи споделува монструозни и за жал вистинити наводи дека специјалците вечерва влегле и во читалната “Браќа Миладиновци”, додека бркале некој од демонстрантите!

Според досегашните информации, влегле 50 желки и почнале да ги бркаат и буткаат студентите без никаква причина, притоа заканувајќи им се дека ќе добијат кривични пријави под никаква основа!

НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!

#ПоздравПленумци“

Уште едно видео овој пат од последиците по нападот на полицијата во библиотеката Браќа Миладиновци. Невини студенти беа тешко ранети и раскрварени! Некој за ова мора да одговара! Нема да ви помине! #НемаПравдаНемаМир

Posted by Студентски Пленум on Tuesday, May 5, 2015

Извор: Факултети.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико