(Видео) Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, која јавно ја прочита судијата Дарко Тодоровски, Обвинителството не успеало да докаже дека Заев сторил кривично дело примање поткуп.
„Трауматичен е моментот на изрекување пресуда, но среќен сум. Јас докажав невиност и дочекав правда. Очекував ослобителна пресуда, беше логично затоа што тоа се докажа во судската постапка од презентираните докази“, рече премиерот. Тој истакна дека се што правел како градоначалник на Струмица било транспарентно.
Заев рече дека тој не ја поседува снимката од ПИ мерките, објавена на Јутјуб, која фигурираше како доказ за делото за кое се товареше, но ги повика институциите кои ја поседуваат, да ја објават во целост.
На претходните рочишта јавната обвинителка Валентина Бислимовска побара делото да биде преквалификувано од примање, во барање поткуп, по што судијата ги отфрли доказите во случајот прибавени преку посебните истражни мерки, односно видео-снимките и телефонските разговори.
Заев во „Поткуп“ беше обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од над 160 илјади евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште.
Извор: Макфакс