(Видео) Пендаровски го прими премиерот Заев и министрите во новата Влада
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.По изборот на составот на новата Влада од страна на Собранието, денеска претседателот Стево Пендаровски го прими премиерот Зоран Заев и членовите на Владата.
Претседателот Пендаровски им честиташе на премиерот и членовите на Владата за нивниот избор, им посака успех и да ја оправдаат довербата што ја добија од граѓаните на предвремените парламентарни избори. Истовремено, претседателот Пендаровски посочи дека очекува новиот владин состав успешно да работи на клучните прашања за државата, односно интеграцијата во Европската Унија, борба со корупцијата, зајакнување на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Извор: Макфакс