(Видео) Петровска: Почнува процесот на попишување | Правдико

Правдико

   

(Видео) Петровска: Почнува процесот на попишување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска почнува попишувањето на одделни категории лица онака како што е предвидено во методологијата, информираат од владејачкиот СДСМ.

Според Славјанка Петровска, државата, по речиси 19 години, спроведува попис во согласност со сите меѓународни стандарди и пракси на Евростат и Обединетите нации.

Петровска информира дека од денеска ќе се попишуваат лицата што за време на пописот се наоѓаат во странство, во служба на Армијата, во казнено-поправни и воспитно-поправни установи, лицата што се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на нашата земја и членовите на нивните семејства што престојуваат со нив, како и бездомните лица.

Петровска додаде дека од денеска, па до 21 април, ќе се спроведе и самопопишување на дијаспората, кое ќе се одвива електронски преку веб-страницата на Државниот завод за статистика.

„Пописот е најважната и најголема статистичка операција со која ќе се обезбедат податоци што ја даваат основата за креирање ефикасни јавни политики што обезбедуваат економски раст и развој, искоренување на сиромаштијата, зголемување на еднаквоста меѓу граѓаните, рамномерен регионален раст и поголема заштита на животната средина. Веќе се усвоени и здравствените протоколи, што значи дека процесот на попишување ќе се спроведе со максимална заштита на здравјето на граѓаните и на попишувачите“, рече Петровска.

Според неа, паѓаат во вода обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека законот бил лош и неевропски, дека методологијата не била соодветна.

„Собирањето потписи за наводно одложување на пописот е само лош и неумесен партиски маркетинг. Апелираме граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и активно да се вклучат во пописот“, истакна Петровска.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико