(Видео) Полицијата ќе ги зајакнува капацитетите за истрага на место на настан | Правдико

Правдико

   

(Видео) Полицијата ќе ги зајакнува капацитетите за истрага на место на настан

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата мора динамично и интензивно да се развива и унапредува во сите сегменти од своето работење, а особено тоа важи и за делот на конкретните оперативни ангажмани како што е увидот на место на настан, дотолку повеќе што тој е онаа базична, условно кажано прва фаза, од чиjшто квалитет директно зависат резултатите од севкупните истражни процеси, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во обраќањето на денешната конференција „Понатамошно јакнење на капацитетите за истраги на место на настан“ во Инфо-центарот на ЕУ во Скопје.

„Реализацијата на овој твининг-проект има исклучително значење во натамошната професионална и стручна надградба на полициските службеници коишто непосредно се инволвирани во таа фаза од оперативно-истражното дејствување. Генерално, целта е квалитативно подобрување на форензичките истраги. Исто така, морам да потенцирам дека за нашите служби од оваа сфера од огромно значење е фактот што преку проектот ќе се подготват нови стандардни оперативни процедури во согласност со препораките на Европската мрежа на форензички институти и најдобрите ЕУ практики. Тоа, пак, ќе ни помогне во натамошно интензивирање и продлабочување на меѓуполициската соработка“, рече министерот Спасовски.

Овој проект што до ноември идната година ќе биде имплементиран во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Бирото за јавна безбедност на МВР, а е финансиран во рамки на ИПА-програмата, треба, меѓу другото, да воспостави надградена организациско-системска структура за вршење увид на место на настан.

„Дозволете ми да изразам голема благодарност до Европската комисија, до нашите колеги од литванската и латвиската полиција, коишто заедно со нашите полициски службеници во наредните месеци ќе го реализираат овој проектен зафат вреден 1.050.000 евра. Верувам и очекувам во наредниот период дека ќе ги удвоиме напорите за реализација на вакви и слични проекти – само со една цел – реформирање и структуирање на полицијата како кредибилна и професионално подготвена институција да ги остварува своите уставни и законски надлежности и обврски во борбата против криминалот и сите други видови безбедносни предизвици“, рече министерот Спасовски.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико