(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се случија во законодавниот дом на 27 април. Сашо Василевски и Крсто Мукоски не сакаа да говорат пред камерите.
Пратеникот Љубен Арнаудов, пак, рече дека не бил платен за да гласа за уставните измени и дека немал закани. А на прашање зошто го обезбедува полицијата, рече дека тоа било по службена должност.
„Писмото го потпишавме сите“, рече Арнаудов.
Тој не одговори на прашањето дали сите 33 го потпишале писмото. Рече дека ќе докажат во судот оти се невини и порача внимателно да биде прочитан прогласот.
Митко Чавков не сакаше да говори. Мунир Пепиќ, пак, рече дека немал струја и затоа ништо не видел.
„Сите сме браќа“, рече кусо Богдан Илиевски, а обвинетиот актер Владо Јовановски не сакаше да коментира.
Ниту еден од другите обвинети не одговори на прашањето дали се чувствува изневерно.
Според динамиката на судење, на денешното рочиште обвинителката Вилма Русковска треба да почне со изведување на видоснимките направени од собраниските камери на крвавиот четврток. На минатото рочиште судијката Добрила Кацарска одлучи да ја исклучи јавноста поради испитување на загрозениот сведок Ц1.
Ова е прво судско рочиште на тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, по нивното петочно гласање за уставните измени во Собранието. До крајот на месецот се закажани уште 4 рочишта.
На претходните рочишта беа сослушани 36 сведоци предложени од Обвнителството, меѓу кои пратеници, членови на собраниското обезбедување, припадници на МВР и новинари.
Извор: Макфакс