(Видео) Презентирана онлајн-платформа на пет јазици за учење од дома | Правдико

Правдико

   

(Видео) Презентирана онлајн-платформа на пет јазици за учење од дома

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со час по информатика се презентира првата Национална платформа за онлајн-учење во оваа учебна година.

Премиерот Зоран Заев најави дека Националната платформа за онлајн-учење ќе работи на пет јазици: македонски, албански, турски, српски и бошњачки.

„Ги потврдуваме цврстите заложби на оваа Влада за негување на соживотот и различноста во нашето општество“, рече премиерот Зоран Заев напоменувајќи дека иднината е во дигитализацијата.

Министерката за образование, Мила Царовска, верува дека оваа алатка ќе биде корисна за образовниот процес дури и по крајот на пандемијата.

„Целосно ги разбирам оние што се загрижени како ќе ја поминеме училишната година. И самата сум родителка и тоа го чувствувам“, рече Царовска.

Според неа, платформата ќе биде практична и лесна за користење од страна на наставниците и учениците. Има 1.600 наставници, кои се училишни обучувачи за користење на платформата, и тие понатаму ќе ги обучат сите други наставници во училиштата.

„Платформата го доближува образованието на каналите, кои тие секако често ги користат. Ученикот преку компјутер или телефон ќе може да ја гледа училницата и наставникот“, рече Царовска.

Учениците ќе може да предложуваат измени на платформата. Националната платформа за учење од далечина е изработена во соработка со ФИНКИ и МОН, а Царовска упати благодарност и до МАСИТ.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико