(Видео) Проверката во судството доцни поради недостиг на судии, вели Заев | Правдико

Правдико

   

(Видео) Проверката во судството доцни поради недостиг на судии, вели Заев

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во однос на законот за проверка на кадарот, предлог од ДУИ, премиерот Заев рече дека му бил доставен викендов, но не го разгледал.

Тој вели дека останува на ставот за проверка и во судството и во другите институции, а причините што сè уште не е спроведена е дефицитот на судии и обвинители.

„Распуштање со право на реизбор беше нашиот став за судството. Кога разговаравме со европските партнери, тие побараа лична одговроност, а не колективна. А втората причина е ресурскиот капацитет како да се пополнат испразнетите судски и обвинителски места ако тие заминат по проверката“, рече Заев.

Додаде дека во државата има 750 судиски места според систематизацијата, а во моментот има 520 судии.

Ако се прочистат, уште 300 нема како да се пополнат иако Академијата за судии и обвинители веќе има конкурс, додаде премиерот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико