(Видео) Раководители од МВР му се закануваат на полицаецот од Арачиново за да го замолчат, тврди тој
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.По објавувањето на скандалот дека ПО Арачиново не располага со списи за казни и констатирањето на ваквата состојба од Внатрешната контрола при МВР, вратени им се надлежностите на полицајците. МВР ги задолжило полицајците со списи, а синдикалниот претставник Дејан Саздов, кој е и прераспределен во ПО Арачиново, се соочува со притисоци. Саздов тврди дека Внатрешната контрола го деградира и понижува. Со сличен притисок се соочуваат и неговите колеги од ПО Арачиново.
„Почнаа притисоци од страна на претставници од Секторот за внатрешна контрола. Дојдоа на моето работно место со само две прашања, а тоа се во кое својство сум ја дал изјавата и од кого сум побарал одобрување. Јас на ова гледам како на директен притисок врз мене. Појаснив дека синдикален претставник, според Законот за работни обврски, има право да обелоденува кривични дела. Тие и понатаму се обидуваат да ме попречат, но нема да потклекнам. Добивам закани за мојата безбедност од страна на непознати лица кои се поврзани со инволираните во ова незаконско работење“, вели Саздов.
Цел на притисоци се и другите вработени во ПО Арачиново, тврди синдикалниот претставник Саздов, кој додава дека претставници од Секторот за внатрешна контрола им викале додека ја вршеле контролата за списите за казни. „Вие сте неработници“ биле зборовите упатени до вработените, тврди тој.
„Таа меѓусебна поврзаност на високи функционери оди до таа мера што да удираат на секој можен начин. Тие удираат и врз членови на моето семејство, иако сега се свртеа поактивно кон мене. Реакциите на вработените во Секторот за внатрешна контрола кон полицајците од ПО Арачаиново само ја докажуваат инолвираноста во ова кривично дело“, додава Саздов.
МВР демантираше дека ПО Арачиново нема списи, иако по проверката била констатирана ваква состојба. Саздов тврди дека објавувањето на информацијата директно ги погодила засегнатите кои во моментов вршат притисоци во иднина да не се објавува незаконското работење во МВР.
Полицаецот и синдикален претставник Дејан Саздов ќе го пријави случајот во соодветните институции, а го повика и Јавното обвинителство да дејствува по допрен глас. Тој поднел и кривични пријави против високи функционери во МВР, за кои очекува епилог.
Извор: Макфакс